„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Шекеринска: Ако ја пропуштиме оваа шанса, во следниот договор нема да има Македонци и македонски јазик

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
wWT4c-shekerinska-kampanja-karposh

Владата се обврза дека ќе одработи покана за членство во НАТО, датум за почеток на преговори со ЕУ и дека граѓаните ќе можат да се изјаснат на референдум за својата иднина – сето тоа го обезбедивме, рече министерката за одбрана, Радмила Шекеринска во рамките на нејзината средба со граѓаните од скопската општина Карпош.

— реклама —

Таа рече дека Договорот со Грција го потврдува македонскиот јазик и идентитет, а, како што наведе, доказ за тоа е аплаузот кој премиерот го добил во Европскиот парламент бидејќи покажал дека може на својот македонски јазик да зборува европски.

— реклама —

„Три децении плаќавме висока цена за едно нерешено прашање. Не сакавме да го префрлиме на нашите деца да го решаваат. Ако ја пропуштиме оваа шанса, во договорот кој ќе се постигне за 20 години нема да има Македонци и македонски јазик. Државнички и патриотски е да го зачуваме овој Договор во кој се погриживме македонскиот јазик и идентитет да бидат загарантирани“, рече Шекеринска.

Таа зборуваше за придобивките од зачленувањето во ЕУ и НАТО.

„Македонија има 2 милиони луѓе, но ако сме во сојуз со 500 милиони, појаки сме. Светот секојдневно ни дава поддршка, но одлуката на референдумот за својата земја ќе ја донесат оние кои ќе излезат да гласаат. Затоа ни треба масовност, затоа секој глас е важен. Да не се разбудиме на 1 октомври со чувство дека не сме успеале. Како што го добивме кандидатскиот статус во 2005, јас гарантирам дека по успешниот референдум ќе станеме членка на НАТО, а НАТО членството е клучниот чекор кој го забрзува патот кон членството во ЕУ“, рече министерката при посетата на Карпош.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања