Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Шекеринска и Тевдовски : Членството во НАТО покрај безбедност, ни носи повеќе домашни и странски инвестиции

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
1-18

Потпретседателката на Владата на Република Северна Македонија и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска и министерот за финансии, Драган Тевдовски денеска учествуваа на 4-тата трибина со граѓаните „Фер општество – Шанса за сите“, којашто се одржа во Битола.

— реклама —

Пред многубројните граѓани тие ги истакнаа мерките и политиките коишто ги презема Владата во насока на обезбедување еднакви можности за сите, како и со крајна цел враќање на парите кај граѓаните на Република Северна Македонија.

Министерката Шекеринска истакна дека членството на Северна Македонија во НАТО и започнувањето на преговорите за членство во ЕУ се двата столба врз кои ќе се темелат сите понатамошни политики на Владата.

— реклама —

„Преговорите за членството во НАТО и во ЕУ беа голема сенка за земјата и откако ја отстранивме таа сенка сега можеме уште повеќе да се посветиме на работата дома. Свесни сме дека не чека уште потешка работа“, рече министерката Шекеринска.

Министерот за финансии Драган Тевдовски се осврна на фактот дека членството на Северна Македонија во НАТО ги охрабрува странските, но и домашните компании да инвестираат во земјата, а тоа како што рече тој, ќе донесе поголем економски раст, поголем извоз и отворање на нови работни места. Истовремено министерот Тевдовски истакна дека во 2018-та година невработеноста во Северна Македонија е на најниско ниво и изнесува 20,8%.

„Годинава во Буџетот се предвидени рекордни средства за активни мерки за вработување. Издвоени се 1,1 милијарда денари, што е за 10% повеќе во однос на годинава“, потенцираше министерот Тевдовски. Пред Битолчани министрите ги истакнаа проектите планирани токму за тој регион. До крајот на годината, како што рече министерот за финансии Тевдовски, ќе започне изградбата на пречистителна станица за отпадни води – проект во вредност од 28 милиони евра, како и изградба на канализациони мрежи во должина од 9 километри и реконструкција на постојните канализациони мрежи во должина од 13 километри. На трибината, и граѓаните имаа можност да постават прашање или да изложат одреден личен проблем. Од нивен интерес беше граничниот премин Маркова Нога, за којшто министрите посочија дека преговорите помеѓу двете земји се во завршна фаза и дека неговото отворање ќе значи отворање на вратата кон ЕУ за целиот регион. Истовремено, министерот Тевдовски образложи дека една од главните определби на Владата е да креира политики коишто се во насока на создавање општество еднакво за сите.

„Ако до сега имаме образовен и детски додаток којшто опфаќа 6-7 илјади деца, сега новите програми ќе опфаќаат повеќе од 60 илјади деца. Зошто? Зашто државата треба да се грижи за децата, посебно на овие поранливи семејства, да одат како што треба во училиште“, посочи министерот Тевдовски.

Во насока на мерките, пак за намалување на загадувањето на воздухот, министерот Тевдовски посочи дека постои проект за ревитализација на РЕК Битола, односно за намалување на прашината. Истакнувајќи дека изминатава година ипол, политиките на Владата на Република Северна Македонија се насочени кон нормализирање на државата, министерката Шекеринска потенцираше дека промените веќе се видливи.

„Водиме различна политика, парите на претпријатијата сакаме да ги вложиме во проекти за развој на економијата и за подобрување на животот на граѓаните. Во исто време, медиумите слободно известуваат и не се плашат од власта. Напротив власта се плаши од медиумите. Слободата е нешто за што не разговараме и не преговараме“, рече министерката Шекеринска.

„Правиме сé, критериумите при вработувањата да бидат објективни“, додаде министерката Шекеринска и рече дека Владата прави сé да ги привлече, а потоа и да ги задржи подобрите граѓани на соодветните работни места.

„Секој пораст на платите значи и пораст на пензиите, како и повеќе пари во Фондот за пензиско осигурување и тоа ни дава шанса да бидеме сигурни во исплатата на пензиите, но и да бидат повисоки“, рече меѓу другото министерката Шекеринска. Во насока на политиките за враќање на парите кон граѓаните, вицепремиерката и министерка за одбрана, Шекеринска посочи само дел од мерките, укинување на радиодифузна такса, како и враќање на евтината дневна тарифа за струја. Само преку овие две мерки, како што заклучи министерката Шекеринска кај граѓаните се вратени 27 милиони евра.

„Еден од главните приоритети ни беше да помогнеме секаде каде што треба и каде што можеме“, рече министерот за финансии Драган Тевдовски и додаде дека Владата ќе продолжи да вложува во изградба на инфраструктура за да се овозможат подобри услови за сите.

„Ќе продолжиме да правиме притисок и да бараме начини платите да растат, бидејќи така ќе направиме да расте животниот стандард но и луѓето, пред сé, младите да остануваат тука“, заклучи министерот за финансии Драган Тевдовски во завршното обраќање пред граѓаните во Битола.

„Политичката цена треба да ја плаќаат политичарите и политичките партии, а политичката цена да не ја плаќа државата, државата треба да профитира. Главните политики за коишто се обврзавме дека ќе ги реализираме, ги реализиравме. Не беше лесно да се реши проблемот на 9.900 стечајни работници, ама 9.900 семејства имаат плус приход. Не беше лесно во 90 илјади семејства, само по основ на зголемување на минималната плата да се зголеми платата. Не беше лесно да се обезбедат 2 илјади денари поголема просечна плата, ама можело“, заклучи вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска на денешната трибина „Фер општество – Шанса за сите“, во Битола.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања