„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Шекеринска: Недели не делат од членството во НАТО

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Македонија не очекува проблеми во процесот на пристапување кон НАТО, а според проценките на Владата, до седнувањето на заедничко столче со сојузниците не делат неколку недели.

— реклама —

По средбата со нејзиниот словенечки колега Ерјавец во Скопје, министерката Шекеринска оптимист дека Грција ќе го исполни својот дел од договорот, по што ќе следува процедурата за прием на Македонија во НАТО

Пренесувајќи ја безрезевната словенечка поддршка за Македонија, Ерјавец потенцираше дека ја разбира жртвата што земјава ја дава на патот кон евроинтеграциите. Нагласи дека и Словенија пред 15 години морала да прави болни компромиси за влез во НАТО и ЕУ.

— реклама —

Агендата на министерката Шекеринска денеска беше пополнета и со посетата на шефот на Бирото на националната гарда на САД. Генералот истакна дека со нетрпение го очекуваат моментот кога ќе ја поздрават Македонија како најнова членка на НАТО.

Американскиот генерал нагласи дека највисоките воени лидери на САД се свесни и благодарни за се поголемата воена способност на Македонија, што придонесува кон стабилноста и безбедноста на Западен Балкан.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања