Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Шекеринска: Северна Македонија де факто функционира како членка на НАТО

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

„Членството во НАТО е прашање на недели и никој нема дилеми дека земјава функционира како де факто членка на Алијансата. Ја добивме поканата, многу брзо и успешно го завршивме процесот на преговори, и ниту една земја-членка не отвори ниту едно спорно прашање за ратификација на протоколите“, ова  денеска го изјави вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, на потпишувањето на договорите со питомците за стручно оспособување и усовршување на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, одговарајќи на прашањето до каде е процесот на ратификација на протоколот за членство на земјава во Алијансата.

Таа посочи дека процесот на ратификации на Протоколот за членство на земјава во НАТО течеше неочекувано и многу брзо, што, според неа, е реткост за која било земја.

— реклама —

Според Шекеринска останаа уште неколку земји каде што процесите на ратификација се во завршните фази и изрази очекување оваа есен процесот на ратификација да го завршат и САД, Велика Британија, Франција, Италија, Шпанија, Исланд и Холандија, каде вториот дом на Парламентот треба да ја донесе одлуката.

— реклама —

Амбасадорите на 29-те земји-членки на 6 февруари годинава во седиштето на НАТО го потпишаа Протоколот за членство, а прва го ратификуваше Грција. Очекувањата се дека по завршувањето на ратификациите на протоколот, во декември земјава ќе добие одлука за полноправно членство во Северноатлантската алијанса.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања