Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Шекеринска: Снимките за „Рекет“ не се сечени лепени монтирани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Radmila_Shekerinska_VP

„Законот важи за секој од нас посебно и ние сите им даваме поддршка и очекуваме сите други институции да си ја завршат својата работа. Никој од нас нема да очекува, ниту пак ќе добие политичка заштита“, истакна по заедничка прес-конференција со командантот на Националната гарда на Вермонт полковники Грегори Најт, министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Таа додаде:

— реклама —

„Оваа држава се промени и во оваа држава кога ќе се појават снимки никој не тврди дека се лепени, сечени и монтирани. Оваа држава се промени и кога ќе се види криминал институциите реагираат. Кога за првпат излегоа некакви информации премиерот беше тој што ги информира надлежните институции и двајца се во притвор. Кажавме дека од прв до последен не сме заштитени. Покажавме дека никого не штитиме, туку дека дозволивме, дозволуваме и ќе овозможиме сите институиции да спроведат целосна истрага, никого да не го спасуваат и никого да не го штитат. Законот важи за секој од нас посебно и ние сите им даваме поддршка и очекуваме сите други институции да си ја завршат својата работа. Никој од нас нема да очекува, ниту пак ќе добие политичка заштита“, рече Шекеринска.

— реклама —

На прашањето дали била на гости кај Боки 13, Шекеринска рече дека сака да дозволи истрагата сѐ да покаже.

— реклама —

Многу лаги беа кажани. Ако дозволиме на секоја од тие лаги да реагираме, криминалците ќе се скријат, а ние ќе се занимаваме со оговарање. Ја поддржуваме истрагата и на никој начин и во ниту еден момент не сме се довеле во ситуација да поддржуваме криминал и корупција, одговори Шекеринска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања