„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Шекеринска шокирана: Немам никаква поврзаност, ниту сум интервенирала за возачот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
sekerinska

Заменик-генералниот секретар на НАТО, Радмила Шекеринска регираше на обијавите каде нејзе ја посочуваат дека интервенирала за пуштање на возачот Васил Јованов кој ја усмрти Фросина Кулакова, кога Обвинителството го гонело за дрога.

— реклама —

„Длабоко сочувство до семејството и блиските на Фросина Кулакова. Од почит кон нивната болка и загуба не сакав јавно да реагирам, но гледам дека некои нелуѓе и криминални структури продолжуваат да лажат и да ловат во матно дури и при вакви лични, семејни и општествени трагедии и на необјаснив начин да ме ставаат во контекст на сообраќајката во која е убиена Фросина Кулакова.

Најдиректно сакам да ги демантирам СИТЕ такви наводи - тие се целосна, безобразна и исконструирана лага за која не постои НИКАКВА ОСНОВА.

— реклама —

Одговорно тврдам дека со НИТУ ЕДНО од споменатите лица немам никаков контакт, познанство ниту пријателство: ниту со сторителот ниту со неговиот родител, а уште помалку со судијката што одлучувала за неговите предмети. Со ниту едно! Дополнително, сите што ме познаваат го знаат мојот став за овие прашања. Како и сите вие, и јас се плашам кога мои блиски ја поминуваат ,,Партизанска" (особено кај ,,Силбо"). Како многумина од вас, и јас сум реагирала на беснеењето на возачите што мислат дека правилата не важат за нив и дека нашите улици се писта за нивните комплекси и покажување ,,сила”. И никогаш, ама буквално НИКОГАШ не сум се јавила на НИКОЈ за да побарам ургенција за каква било сообраќајна грешка. НИКОГАШ! Некои пријатели ми замериле поради тоа (што не сум “им завршила работа”), но сум стоела зад мојот став, бидејќи искрено верувам дека неказнивоста води кон повторување на делата, а тоа значи само чекор до трагедија.

НИКОГАШ за НИКОГО не сум се јавила за да побарам ваква ургенција и затоа бев шокирана кога видов дека некој почнал да шири вакви обвинувања за мене без НИКАКВА причина, ниту доказ. Неточни се, но и нелогични бидејќи во годината во која биле носени тие судски одлуки, јас не сум имала никаква функција ниту позиција на моќ од која би можела да вршам такво влијание.

За жал, очигледно е дека некои структури можат да продуцираат и најнелогични и целосно исконструирани лаги - доволно им е да имаат интерес и наредбодавател.

Токму поради трагедијата и потребата сите ИНВОЛВИРАНИ да одговараат - се надевам дека ширењето невистини и обвинувања без основа нема да бидат искористени за да се кријат ВИСТИНСКИТЕ сторители и соучесници“, вели Шекеринска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања