Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Шекеринска вели дека не е највлијателна во СДСМ за кадровски прашања

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
6-2

Министерката за одбрана и потпретседателка на СДСМ, Радмила Шекеринска, ги демантира шпекулациите кои ја следат, дека е највлијателна фигура во СДСМ кога се работи за кадровските прашања. Во интервју за 1тв Шекеринска вели кадровската политика и е најодбивнит дел од нејзината работа.

— реклама —

-Ме прашуваат зошто тоа не сум го демантирала. Во претходната влада бев член на кадровска комисија, ми беше разбирливо кога луѓето по автоматизам мислат дека тоа е лична одлука. Не е така, сега не сум ни член на таа комисија, но маубетот си врви. Кога луѓето сакаат да пуштат лага најтешко е да ја демантираш лагата, дополнително ги охрабруваш дека тоа те боли и уште повеќе ќе го повторуваат. Јас пред себе сум чиста и јасна. Кадровската политика најмалку ја сакам, ни ја одзема енергијата која можеме да ја искористиме за поважните работи – вели Шекеринска.

Таа додава интригите се редовна појава во партијата, но дека не им дава значење.

— реклама —

-Луѓето во Македонија, а во СДСМ особено, се навикнати ако немаат што да понудат со работа и резултати, да компензираат со интриги. Во 2014 кога го избраа Заев за претседател, а мене заменик, од тој момент почнаа интригите. Добив инфо дека мој колега ме спомнал и рекол „тоа е едно од кадровските решенија на Радмила во културата“, му се јавив и го прашав кое е моето решение во културата, зошто јас не можам да се сетам. На што тој ми се извини – рече Шекеринска низ смеа.

Таа вели дека е свесна за сликата што ја остава во јавноста дека на прв поглед делува строго и арогантно.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања