Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Шекеринска во Брисел: Следниот месец мисијата на Северна Македонија се сели во седиштето на НАТО

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Sostanok-NAC-2.den_10

— реклама —

„Нашето учество на состаноците на Алијансата беше учество на членка на НАТО која што покажа дека е можен брз прогрес, дека е можно да се почитуваат плановите и дадените ветувања“, рече министерката Шекеринска на вториот ден од состаноците на Северноатлантскиот совет. 

— реклама —

  Таа изјавата ја даде пред новите простории за мисијата на Северна Македонија во седиштето на НАТО. 

 „Зад мене се нашите простории како држава – членка на НАТО Алијансата и очекуваме до втората половина на март основните подготовки за нашата мисија овде да бидат завршени. Тоа значи дека нашата мисија, и политичкиот и одбранбениот дел ќе биде буквално дел од седиштето на НАТО, како што ние, Република Северна Македонија ќе бидеме и официјално дел од Алијансата“, рече министерката Шекеринска.

 Министерката пред состанокот на Северноатлантскиот совет се сретна со турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, и се заблагодари за континуираната поддршка од пријателска Турција за членство во НАТО.

 „Нашата докажана соработка од партнерска, прераснува во сојузничка“, рече министерката.

 Министерот Акар порача дека двете земји имаат исклучително блиски, пријателски односи, и дека поддршката и соработката ќе продолжи со висок интензитет и на билатерално и на НАТО ниво. Оваа соработка, рече, претставува бенефит и за двете земји.

 Состаноците на Северноатлантскиот совет на ниво министри за одбрана, денеска беа посветени на буџетирањето на одбраната, како и на мисијата на НАТО во Авганистан, „Одлучна поддршка“.

 На состанокот за одбранбеното буџетирање, министерката истакна дека средствата за одбраната континуирано растат од 2017 година и дека годинава буџетот е речиси дуплиран споредбено со буџетот за 2017-та. Северна Македонија, истакна, е посветена на исполнувањето на препораките на НАТО за издвојување на два проценти од бруто-домашниот производ за одбрана, што веќе влијае исклучително позитивно на одбранбените капацитети на земјата, а со тоа и на НАТО – Алијансата.

 На средбата на министрите за одбрана на НАТО и партнерите кои учествуваат во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан, министерката порача дека земјата останува посветена на главната цел на оваа мисија – мирен, безбеден и стабилен Авганистан. 

 На маргините на бриселските состаноци, денеска министерката Шекеринска организираше работен ручек со министрите за одбрана на Грција, на Словенија, на Црна Гора, на Хрватска, на Босна и Херцеговина, на Бугарија, на која се заблагодари за поддршката од земјите од регионот во процесот до полноправно членство на земјата во Алијансата. Министрите за одбрана порачаа дека регионот докажа дека има капацитет да биде извозник на мир и стабилност, дека земјите знаат да соработуваат и да придонесуваат кон колективната безбедност на евро-атлантската област.

видео и фото: Министертво за одбрана

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања