Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Шекеринска: Во годината во која очекуваме добри вести за нашата татковина упатуваме пораки за обединетост и успех

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
19012020_VRSM_Bogojavlenie1

По повод христијанскиот празник Богојавление - Водици, владина делегација предводена од заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска во чиј состав беа и министерката за финансии, Нина Ангеловска и заменик-министерот за култура, Владимир Лазовски денес присуствуваа на централната манифестација - фрлањето на крстот во водите на реката Вардар во Скопје.

“Дозволете ми во мое лично име и во име на владината делегација и Владата на сите христијани да им го честитам празникот Богојавление и да им посакам среќа, радост и успеси”, изјави притоа министерката Шекеринска.

Министерката рече дека фрлањето на крстот е дел од нашите христијански обичаи, но и од традициите на македонскиот народ кои што секоја година ги прославува. “Тие се победа над искушенијата и доказ дека ако си издржлив, ако си упорен, успехот следи”, додаде Шекеринска.

— реклама —

“Во овие моменти сакаме да ги упатиме пораките на обединетост, пораките на спокој, радост, среќа и успех. Ова е година во која што очекуваме добри вести за нашата татковина. Во тоа име денес навистина ми беше задоволство со голем број граѓани на Скопје да бидеме тука и да го прославиме овој ден”, истакна министерката.

Во име на Владата Шекеринска му подари пригоден подарок на Христијан Ниновски кој оваа година го фати крстот.

— реклама —

Во рамките на активностите на министрите во Владата на Република Северна Македонија по повод верскиот празник Богојавление - Водици, министерот за здравство Венко Филипче присуствуваше на манифестацијата што беше организирана во Охрид.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања