По најавата на Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ дека подготвува тужба против министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, таа кажа дека Ковачки веќе извезен период се однесува како партиски војник на работно место и дека ја злоупотребува својата положба.
"Да реагирав на твитер ќе речев "ем лажго - ем плачко". Тажно е кога еден офицер упатува закани, а особено против началник на Генералштаб. Срамно е и на пониско ниво, а особено кога против еден генерал ќе напишеш 'долга е раката на ВМРО'. Не оди заедно и партиската и воената униформа. Полковникот покажува непознавање на законите. Во многу држави кога еден офицер партиски му се заканува на началник- генерал, тоа поминува со отказ. Можев да го одобрам и тоа и губење на чинот. Тој не доби отказ, јас сметав дека треба да му се даде последна опомена. А сега, кога е казнет од плата, тој плаче. Тоа е несоодветно за еден офицер“, изјави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска на настанот по повод реновирање на објекти во скопската касарна "Илинден"
фото: Архива