Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Шекеринска: За што да дадам оставка, дека влеговме во НАТО

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
sekerinska

Претпоставувам дека ВМРО-ДПМНЕ очекува од мене оставка. Пред да бидам избрана сте ја чекале оставката. За што да ја дадам оставката, дека влеговме во НАТО, изјави попладнево министерката за одбрана Радмила Шекеринска на собраниската седница за пратенички прашања.

— реклама —

-Јас сум за НАТО. Голем дел од вас беа против. За тоа ми барате оставка или ми барате оставка дека првпат кога ќе кажат луѓето дека работат во Армија, не треба да почнат да се жалат од плати, од услови и од заборавеност од државата. Да, од мене барате оставка заради тоа што првпат војската трипати по ред има повисоки плати. Од мене барате оставка затоа што првпат кога ќе видите војник нема да коментирате дека му е стара униформата и искинати чизмите. Барате оставка најверојатно од мене затоа што и сите имаат станбено обезбедување – рече министерката Шекеринска, одговарајќи на пратеничко прашање од Љупчо Пренџов од ВМРО-ДПМНЕ.

Таа додаде дека првпат нашите кандидати за офицери имаат плата додека се подготвуваат да бидат офицери. Посочи дека сите имаат повисоки плати, како докторите, сите цивилни лица и додаде дека првпат Армијата ќе има и модерна воена, спортска и алпнистичка опрема.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања