Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Сеќавања, тага, пораки по заминувањето на новинарката Гордана Дувњак: Новинариште и човечиште, со незаменлива насмевка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Коментари
media-library7mum5io33c326nuNwUl

Почина новинарката Гордана Дувњак. Семејството, пријателите и колегите се простија со трогателни пораки, опишувајќи ја како врвен професионалец и човек со големо срце. Најемотивно се огласи синот Стефан, кој ја нарече „ангел и борец“, посветена мајка и најдобар пријател. Соопшти дека телото ќе биде изложено на 22.04.2026 во 11 ч., а погребот на Бутел во 12 ч. Колегите ја паметат по силниот белег во новинарството, особено во известувањето за правосудството, и по поддршката за помладите кадри. Изразија сочувство до синовите Стефан и Мартин.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Почина новинарката Гордана Дувњак, а од неа со трогателни пораки се простија семејството, пријателите и колегите, опишувајќи ја како врвен професионалец и човек со големо срце. Најемотивна порака упати нејзиниот син Стефан, кој напиша дека заминала „нивниот ангел и борец“, жена која целиот живот го посветила на своите деца.

„Не напушти нашиот ангел и борец, мојата мајка. Целиот живот го посвети на мене и Мартин и беше најпрекрасниот човек на светот, толку добра, искрена, човечна и секогаш спремна да помогне и на тие што ги знае и оние што прв пат ќе ги запознаеше. Покрај мајка беше и мојот најдобар пријател, моето друштво за театар, кино, прошетка покрај Вардар, придружба за настани и секогаш се секираше само да ме види среќен и среден. Ќе фалиш секогаш ангелу мој, чувајте не со тато од горе заедно. Ќе и раскажуваме на принцезата Срна твојата внука каква жена си била и колку се израдува кога ни дојде на свет. Почивај во мир без болки и стравови. Телото ќе биде изложено утре на 22.04.2026 година во капела во 11 часот, а погребот на гробиштата Бутел од 12 часот“, напиша нејзиниот син Стефан Дувњак.

— реклама —
— реклама —

Колегите ја паметат како новинарка која оставила силен белег, особено во известувањето за правосудството.

„Последен пат се видовме пред месец дена, и иако минуваше низ своето долгогодишно премрежје со здравјето, насмевката ѝ беше присутна и незаменлива. Заминувањето на Гордана Дувњак е исклучителна загуба за македонското новинарство, особено од аспект на известувањето за правосудните прашања. Како човек, беше неизмерно прекрасна за соработка, муабет, совети и исклучителна поддржувачка на младите кадри. Ќе недостасува многу. Сочувство до семејството, особено до синовите Стефан и Мартин“, напиша Огнен Јанески, долгогодишен новинар и активист за човекови права.

„Те барав за твојот роденден, а ти замина на мојот… Велеше дека сум твое дете. Гоца, ќе ми недостигаат твоите совети, насмевка и добрина… Новинар по професија, а пред сè — човек. Летај мирно во височините, таму каде што најдобрите души остануваат да светат“, напиша новинарката Лепа Џундева.

„Гордана Дувњак. Гоца. Новинариште! Човечиште! Дефиниција за Борец! И за правдата и за вистината, и за животот на сите нас Од оние ендемски видови, кои се' помалку ги има во земјава. Честа беше моја. Почивај во мир. Сочувство до семејството!“, напиша Душица Мрѓа, новинарка и уредничка во ТВ24.

„Замина Гордана Дувњак, врвен новинар, професионалец и пред се голем човек . Биеше многу битки во животот, за вистината, за новинарството, за твоето најголемо богатство Мартин и Стефан. За жал со оваа битка не се избори.Гоца, почивај во мир“, напиша Катерина Цаневска.

„Гордана беше врвна новинарка и секогаш спремна да им помогне на помладите колеги. Не беше од оние што гледаат од височина. Луѓето со големо искуство и свест за својата вредност се такви. Тажната вест ме потсети на заедничко службено патување во Нови Сад, на средби во Собрание, на нејзината питомост кон колегите. Сочувство до нејзините најблиски и нека биде светлина и во таа некоја друга димензија“, напиша новинарот Александар Методијев.

„Голема тага одекна утрово. Замина една прекрасна личност и голем професионалец, секогаш подготвена да сподели и знаење и добрина. Замина Гордана Дувњак. Тешко е да се најдат зборови кога си оди човек кој оставил толку многу зад себе, не само како новинар, туку и како личност со интегритет, глас што знаеше да постави важни прашања и да остане доследен на вистината. Нејзиниот труд, посветеност и професионалност со сигурност ќе останат запаметени, но ќе остане и голема празнината во медиумите и меѓу сите што ја познаваа и почитуваа. Почивај во мир Гоцо. Горди се твоите Stefan и Martin што имаа таква мајка, но знам колку и ти беше горда на нив. Ним длабоко сочуство, а тебе вечен светол помен“, напиша Бранка Костиќ Марковиќ, етномузиколог и музички публицист.

„Многу учевме од тебе. Но, не само за професијата, туку и за тоа како да останеш човек со душа и принципи во овој суров свет. Ми беше посебна чест да те познавам. Нека ти е светол патот. Сочувство до твоите прекрасни синови и целата фамилија..“, напиша Богданка Кузеска, ексновинарка, портпаролка на СДСМ.

Гордана Дувњак си змина една прекрасница, топла, умна, посебна и значајна жена.Многу ми е жали не пропушташе да ми пише и да ми дде поддршка за се, Слава ти храброст наша“, напиша Весна Бејби Петрушевска, актерка.

media-libraryu9u053q36i03crX5JIU

„Во срцето ќе ми останеш само вака- насмеана! А, ти и јас се простивме со музика… и знаевме дека друг пат, во друго време … некаде… пак ќе пееме ,,Као какао”! Светол да ти е патот и вјечнаја памет“, напиша напиша новинарката Силвана Бркуљан.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања