Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Шеќеринска му одговори на Стоилковски: ДА, ја подмладуваме Армијата со околу 600 млади војници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
6762-rada

Министерката Радмила Шеќеринска преку ФБ му одговори на портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Наум Стоилковски на 30 те поставени прашања, кој меѓу другото ја запраша министерката дали наутро поздравувате знаме на Аризона или на Македонија?

— реклама —

Шеќеринска на ФБ напиша:

Вистински одговори на хаотичните прашања:

— реклама —

ДА, стануваме членка на НАТО.

ДА, ја подмладуваме Армијата со околу 600 млади војници.

ДА, на сите припадници на Армијата им обезбедивме 16% повисоки плати.

ДА, за воздухопловците, медицинскиот кадар и лесната пешадија обезбедивме дополнителни надоместоци.

ДА, обезбедивме и станарина од над 7000 денари месечно за СИТЕ.

ДА, за цивилните лица во Армијата законот предвиде дополнителни 10% покачување на плати.

ДА, за сите млади кандидати за офицери има плата.

ДА, има бенефициран стаж за сите во Армијата и можност за пензионирање по услови како за МВР.

ДА, има нови чизми за сите.

ДА, обезбедиме и спортска опрема и нови униформи за припадниците на Армијата.

ДА, има нови инжинериски машини по 16 години отсуство на набавка.

ДА, има опремување со оклопни возила.

ДА, се исплаќаат јубилејни награди за сите во МО и Армијата.

ДА, повторно се исплаќаат дневници на припадниците на Армијата.

ДА, има повисоки надоместоци за офицерите и војниците во мисија.

И... ДА, се ова можеше и ВМРО-ДПМНЕ да го направи. Но, не го направи – парите за друго ги трошеше.

Затоа, ДА – ќе продолжиме да работиме. Нив ќе им остане да бидат само плукачи.

фото: ФБ Радмила Шеќеринска

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања