Време е за прв премиер Албанец во Северна Македонија, истакна претседателот на ДУИ Али Ахмети, по што се разбранува јавноста.
Ахмети вели дека идејата за премиер Албанец не се однесува на ДУИ ниту на него како претседател. Вели дека тој само го поплочува патот за остварување на овој сон а за кого бара поддршка од сите други албански партии.
„Кога одите на лекар, прашувате дали е добар, а не дали е Македонец или Албанец“, рече Шеќеринска.
Дента кога ДУИ ја објави оваа идеја, актуелниот коалициски партнер во Влада, Зоран Заев рече дека доколку е ова услов за идната коалиција, тогаш Интегративците ќе останат надвор од Влада.
И опозициската ВМРО-ДПМНЕ веќе изјави дека нивниот претседател Христијан Мицкоски е нивен кандидат за мандатар.
Покрај се, лидерот на ДУИденеска изјави дека оваа идеја можеби изгледа неостварлива и смешна, но тоа го гледа како добро нешто бидејќи кога некој ти го негира сонот те тера да работиш уште повеќе за негово исполнување, затоа својот говор го заврши со барањето да не се губи храброста да се сонува туку да се верува дека соништата можат да се исполнат.