Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Шеќеринска за изјавите од ДУИ дека Ахмети одлучува за нивните министри: Партиски феудалци не се добри за државата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
6-2

Од инаугурацијата на новиот претседател Стево Пендаровски, Владата и институциите веќе немаат обврска да се придржуваат до правилото дека не се возможни никакви кадровски поместувања, изјави вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска во врска со најавената  „метла” од страна на премиерот Зоран Заев.

— реклама —

-Треба да направиме се, како што успеавме крупните проблеми да ги решиме, како што успеавме да ја добиеме не само поканата за НАТО, туку  и Протоколот за проширување, како што успеавме да се приближиме до почетокот на преговорите и успешно да сме при крај со скринингот со ЕУ, така да дадеме резултати и во секоја сфера – рече Шекеринска.

Коментирајќи ја изјавата на министерот за животна средина Садула Дураку и други министри на ДУИ дека за нивното разрешување не одлучува премиерот, туку лидерот на ДУИ Али Ахмети, Шекеринска рече дека во владината програма на коалициската влада стои дека тој тип на партиски феуди не се добри за државата.

— реклама —

-Нашата цел не е да ги поделиме ресорите и да кажеме дека секој ќе работи што сака. Зтоа што тоа не е влада, туку партиски самопазар и партискиот пазар ја доведе државата во 2016 година во калта од која што две години се трудиме да ја вадиме – рече Шекеринска, додавајќи дека разговорите околу нема да ги води само СДСМ туку сите коалициски партнери заедно.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања