Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

ДУИ за првпат на Претрес: Блерим Беџети за судството, гревовите, Ахмети, Груби, следните избори, УЧК

Секое опоравување од дното е добро во индустриското производство, но не е рефлексија на вистината што сака да ја прикаже Владата, вели опозицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
slika

„Индустриското производство во јануари 2022 година бележи годишен раст од 0,7%, а во февруари од 6,3%, заради исклучително ниската споредбена основа од јануари и февруари 2021 година кога имавме пад на индустриското производство од 13,5% и од 12,1%, соодветно! Секое опоравување од дното е добро, но не е рефлексија на вистината што сака да ја прикаже Владата“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат:

— реклама —

„Во рударството два месеца по ред во 2022 година имаме висок годишен раст кај вадење на јаглен и лигнит, и вадење на руди од метал во услови кога лани сме имале тотален застој на ископите. Ова е потврда дека лани, ископот на јаглен беше значајно намален со што се закасни во обезбедување на овој енергенс во пресрет на енергетската криза. Затоа континуираните повикувањата и укажувања на опозицијата се исплатеа. Истото важи и за домашното производство на електрична енергија кое во првите два месеца на 2022 година е зголемено на годишна основа, како одраз на ниската споредбена основа од лани. Ова не се успешни мерки ниту политики, туку е потврда дека не се работеше и не се мислеше стратегиски.

— реклама —

Вистината од податоците е поинаква од розевата престава на Владата и кај останатите гранки од преработувачката индустрија. Така, негативните ефекти од зголемените трошоци за производство (струја, суровини, гас,) се рефлектираат врз повеќе преработувачки гранки. Производството на прехранбени производи бележи значајно годишно намалување во јануари и февруари 2022 година, што е ризик во услови кога и вака имаме недостаток на понуда на одделни прехранбени производи и разгорена инфлација. Производството на пијалаци исто така има висок годишен пад во февруари. Текстилната индустрија уште бележи негативни остварувања, додека кожарската индустрија се опоравува од дното. Производството на моторни возила, приколки и полуприколки, има годишен раст по ланскиот висок пад, додека производството на машини и уреди бележи годишно намалување. Капацитетите од зоните веќе укажаа на негативно влијание на војната во Украина.

— реклама —

Од лажните престави за економијата и работата на Владата, оддамна го доправме дното!“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања