Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Секој ден има дојави за бомби, граѓаните се во паника, а Спасовски бега, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
316802442_1301083134076282_4471817972211446642_n

Повеќе од еден месец средните и основни училишта, трговските центри, Народната банка, станбени згради, министерства и други државни институции се на мета на дојава на бомби, а министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски не може да открие кој стои зад овие лажни дојави, вели ВМРО-ДПМНЕ

„На 16ти ноември Спасовски тврдеше дека истрагата е при крај и многу набрзо ќе се дознае кој стои зад лажните дојави за бомби, како и дека се вклучени сите капацитети на повеќе сектори на МВР, како и партнерските служби, но денес наместо одговор, имаме се поголем хаос, преплашеност и паника кај граѓаните.

Пораки кои се испраќаат се застршувачки со предупредување дека ќе се разнесат сите, а МВР се уште нема конкретни информации кој се заканува.

— реклама —

Исто така, апсурдни се изјавите и фалбите на Спасовски дека безбедносната состојба е стабилна и нема никакви индиции за нарушување, дека реформите во безбедносните служби се успешни, а од друга страна се уште нема разрешница на целиот случај.

Наместо неспособниот Спасовски да одговори пред јавноста и да ја прекине агонијата сега пак вели дека лажните дојави за бомби се резултат по руската инвазија врз Украина.

Вистинските прашања за кои Спасовски треба да даде одговор, наместо да води политиканство се:

— реклама —

-До каде е истрагата и зошто се уште нема одговорност, и

-што уште треба да се случи за Спасовски и институциите да почнат да работата?

— реклама —

Дојавите за бомби го девастираат целиот безбедносен систем и се доказ дека институциите во државата под раководство на СДС, Спасовски и Ковачевски, не функционираат.

Македонија е во хаос. Граѓаните се трауматизирани. Повеќе од очигледно е дека ситуацијата е сериозна, а Спасовски наместо да ги открие сторителите, се уште не убедува дека се е под контрола.

Криминалци хараат по полициски станици, синови на високи челници во МВР користат државни ресурси за лични потреби, криминалците раководат со МВР, секој ден има дојави за бомби, граѓаните се во паника, а Спасовски бега.

— реклама —

Воедно, најмалку што може да направи во овој момент Спасовски е да покаже барем малку морал и доблест и да си поднесе неотповиклива оставка. Неговата неспособност ја плаќаат граѓаните.

Безбедноста на граѓаните мора да биде пред и над се.

Ова мора да има крај., ОСТАВКА ВЕДНАШ“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања