Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Секој ден се појавува нов коруптивен скандал, во кој се вклучени лица од Владата, му рекол Мицкоски на Гир

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателите Александар Николоски и Тимчо Муцунски, се сретна со Дејвид Гир, амбасадор на Европската Унија во Македонија.

— реклама —


Се разговарало како што информираат од партијата, за идните проекти и цели од значење за граѓаните и државата, при што акцент бил ставен на подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

— реклама —


— реклама —

„На средбата со Гир се зборуваше и воопшто за активностите на ВМРО-ДПМНЕ.


Мицкоски и Николоски и Муцунски го информираа амбасадорот Гир за ситуацијата во земјата, при што акцент во текот на разговорот се стави на корупцијата и криминалот. Го информираа и за сознанијата дека речиси секој ден се појавува нов коруптивен скандал во кој се вклучени лица од Владата.

— реклама —

Укажаа на неспособноста на власта да се справи со било кој предизвик, уште помалку да развие политики на казнивост за сторителите на криминал и корупција“, се истакнува во соопштението.


Мицкоски укажал на лошата економска ситуација во која е државата и за зголеменото незадоволство и сиромаштија кај граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања