Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Секој ден владата на Заев се задолжува, а парите не се знае каде одат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
banki-2

СДСМ веќе две години ништо не исполни што вети. За време на избори ветуваше 500 евра за секој граѓанин, 100.000 денари плата за секој лекар, а од тоа нема ништо, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Секој ден владата на Зоран Заев само се задолжува, а парите не се знае каде одат. Вчера Тевдовски ја задолжи државата за нови 49 милиони евра. За само 5 месеци СДСМ ги задолжи граѓаните  за над 317 милиони евра.

— реклама —
— реклама —

Откако Заев и СДСМ се на власт нема нови капиталните инвестиции, нема нови инвестиции, нема повисоки плати, нема повисоки пензии. Нема ништо од ветувањата од економската политика од пред изборите. Наместо најавените ГУГЛ и ФЕЈСБУК, имаме бизнис партнери кои се во бизнисот со марихуана со фамилијата Заеви, а граѓаните тонат во сиромаштија.

— реклама —

Освен сиромаштија и колапс на економијата не доби Македонија ништо од СДСМ. Ова е една од низа причини зошто СДСМ мора веднаш да си замине од власта“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања