Промени тема
Контакт

Секоја година Железница трупа загуби, не заработува доволно ни од патниците, ни од фирмите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
107508601-105676

Додека низ Европа граѓаните од еден град, па и од една во друга држава, како најбрз и најевтин превоз ја одбираат железницата, кај нас се помалку патници ги користат возовите, а железничкиот сообраќај се поретко се користи и за транспорт на стоки. Железницата е неисцрпна тема за новинарски текстови, дебати, партиски ветувања, а деновие прашањето повторно се актуелизира откако машиновозачите одбија да влезат во локомотивите, но и со превозот на јагленот со вагони до најблиската точка до РЕК Битола. Протестот на машиновозачите уште еднаш го постави на маса прашањето за финансиската кондиција на МЖ-транспорт, а прашањето за тоа како да се превезе јагленот што ќе се увезе за термоелектраната,  потсети на тоа како и колку се одржуваат пругите, пишува порталот пари.ком.мк

МЖ-Транспорт не заработува доволно ни од патниците, ни од фирмите.

Минатата година АД Железници – транспорт релизирала приход од 18,7 милиони евра. Притоа, патничкиот сообраќај донел околу 7 милиони евра, а товарниот сообраќај речиси 11,5 милиони евра. Но, трошоците биле значително поголеми и претпријатието отишло во загуба околу 7,5 милиони евра. Според бизнис планот за 2021 година, АД Железници -транспорт планира речиси иста толкава загуба и за оваа година! Всушност, секоја година Железница трупа загуби.

Еве какви се финансиските резултати на Железници-транспорт во последниве 5  години:

(Во милиони евра)

/slika1-7" rel="attachment wp-att-150370">

— реклама —

Извор: Бизнис планови на МЖ-Инфраструктура, објавени на нивната веб страница

Наспроти овие големи загуби, МЖ-Транспорт има огромни обврски кон странски железници и кон добавувачите. Според нивните податоци, заклучно со 30.11.2020 година доспеаните неплатени обврски изнесувале 58 милиони евра, а дел од нив се од минатиот век!

— реклама —

Кому сѐ му должи МЖ – Транспорт?

(во евра)

/slika2-4" rel="attachment wp-att-150372">

— реклама —

Железници - инфраструктура има акумулирана загуба од 54 милиони евра.

Во загуба е и Железници -Инфраструктура. Ова јавно претпријатие го објави финасискиот извештај за третиот квартал од годинава и според него, само од 1 јули до 30 септември, Инфраструктура направила загуба од 1,3 милиони евра. Акумулираната загуба на јавното претпријатие, заклучно со 31.12.2020 година е дури 54 милиони евра! Притоа, неизмирените обврски на крајот од минатата година биле речиси 38 милиони евра. За одржувањето и доизградба на железничката инфраструктура , јавното претпријатие има позајмено пари од Светска банка, Европската банка за обнова и развој, но и од Агенцијата за државни патишта. Износот на основицата на овие долгорочни кредити е 198 милиони евра, а пресметаната камата изнесува над 4 милиони евра. Според последните податоци од МЖ-Инфраструктура во тек се инвестиции од 250 милиони евра.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 10 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 10 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 10 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања