Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Секојдневните хаварии во РЕК Битола, се реалната состојба за негрижата на власта кон енергетскиот систем, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
rek-bitola-1

Криминалот, тендерите во 4 очи во РЕК Битола и целосната неодговорност од страна на криминалната власт на СДСМ и ДУИ го доведе енергетскиот систем во целосна капитулација, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Заради неодговорното работење во енергетскиот систем во државата, граѓаните, стопанството и општините денес плаќаат за 3 пати повисоки сметки за електрична енергија.

— реклама —

Секојдневните хаварии во РЕК Битола со не работата на дел од блоковите, поплавата од пред неколку дена во рудникот Суводол, немањето суровини и ископ на јаглен се реалната состојба за негрижата на власта кон енергетскиот систем.

— реклама —

Поплавувањето во рудникот Суводол е резултат на неискуството, нестручноста и непочитување на соодветната рударска документација при вршењето на ископ на јаглен.

Нестручниот, непрофесионалниот и несовесниот пристап кон работата во РЕК Битола и другите енергетски капацитети во Македонија, резултира со ваков тип на појави каде цената на нивно санирање ќе биде на товар единствено врз грбот на граѓаните.

— реклама —

Според официјалните податоци за две година повеќе од 1терават час електрична енергија ЕЛЕМ произведува помалку. Па така во 2019 година ЕЛЕН произведувале 4,25 терават часови, а во 2021 година произвеле само 3,17 терават часови.

— реклама —

Ваквото неодговорно работење на оваа криминална власт мора да и се стави крај. Премногу е!

Излезот од оваа криза, но и од грабежот на граѓаните од власта е во брзи предвремени парламентарни избори“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања