Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Секојдневно пријави за лажни бомби, луѓе умираат поради недостиг на лекови, а Ковачевски се грижи за власт, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
03122022_PVRSM-Kovacevski_Besimi_pres__3

Оливер Спасовски и МВР пет месеци не може да откријат кој се поигрува со безбедноста и сигурноста на државата и граѓаните, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Пет месеци граѓаните живеат во страв и паника, а Спасовски бега од одговорност и оставка.

— реклама —

Во текот на вчерашниот ден пријавено е дека на електронските адреси на повеќе средни училишта, како и на МРТВ, Транспортниот центар, станбениот објект Џевахир Сити, ГТЦ, ТЦ Ист Гејт и Сити Мол се поставени екплозивни направи, а наместо пронаоѓање на сторотелите, МВР испрати бледо соопштение дека истите се лажни. Освен дека дојавите за бомби се хибриден напад, Спасовски ништо друго не презема и не одговара до каде е истрагата и кои си игра со безбедносниот систем на државата.

— реклама —

Граѓаните се заложници на криминалната и неспособна влада на СДС и Ковачевски.

Луѓе умираат како резултат на неспособноста на владата да обезбеди лекови.

— реклама —

Владата, Ковачевски и Спасовски не ги интересираат граѓаните, единствено ги интересира криминалот, богатењето и удобствата.

— реклама —

Уште колку време му е потребно на Спасовски да открие кој испраќа лажни дојави за бомби? Што уште треба да се случи за Ковачевски да распише предвремени парламентарни избори?

Доста е. Потребни се итни промени“, се вели во соопштнеието.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања