Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Сексуалните работници бараат да бидат вклучени во владините економски мерки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
seksualni-rabotnici

Оваа година, ние сексуалните работници здружени во СТАР, прв колектив на сексуални работници на Балканот, и нашите поддржувачи ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и Коалиција Маргини по 13-ти пат се приклучуваме кон глобалното одбележување на 17 Декември – Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници. Овогодинешната кампања насловена „НИЕ” ја посветуваме на борбата против насилството и дискриминацијата со кои се соочува нашата заедница, особено во кризни ситуации како што е актуелната состојба со пандемијата на Ковид-19, се вели во соопштението на СТАР, објави mk.tv21.tv. 

— реклама —

„НИЕ” е кампања преку која сексуалните работници сакаат да испратат пораки до јавноста и институциите за проблемите и потешкотиите со кои се соочуваат за време на пандемијата на коронавирусот.

— реклама —

– Сакаме да потенцираме дека сме сериозно погодени од кризата предизвикана од Ковид-19, од здравствен, економски и социјален аспект. Кризата не втурна во сиромаштија и во сериозни ризици по нашето здравје, додека не добиваме никаква поддршка од институциите со цел да се намалат негативните последици од кризата по нашата благосостојба, пишува во соопштението.

Сексуалните работници како особено ранлива попоулација во време на пандемијата на коронавирусот, бараат вклучување во владините социо-економски мерки за заштита, пристап до соодветни заштитни здравствени услуги со цел превенција на ширење на вирусот, подеднакво уживање на работничките права, полесен пристап до социјална помош, како и надминување на стигмата, неправдата и дискриминацијата која е присутна кон нашата заедница од повеќе аспекти.

— реклама —

Клучни барања од институциите за заштита и поддршка на сексуалните работници се да бидат препознати како особено ранлива популација на КОВИД-19 и последиците од КОВИД-19, да се формулира пакет социо-економски мерки со цел таргетирана поддршка за оваа заедница, да се обезбеди непречено функционирање на услугите и програмите за ХИВ, намалување на штетите од употреба на дроги, превенција и поддршка на жртви на насилство за време на пандемијата, да им се овозможи континуиран пристап до квалитетни здравствени услуги, помеѓу кои и олеснет пристап до хормонска терапија на трансродовите лица, да бидат вклучени во процесите на креирање национални протоколи и политики како одговор за време на пандемијата, да се препознае сексуалната работа како работа и да се почитуваат нивните работнички права и да им се обезбеди здравствена и социјална заштита за време на кризата.

— реклама —

Текстот во целост на: mk.tv21.tv. 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања