Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Села и Ахмети подготвени за лидерска, се чека потврда од Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Liderska-sredba-za-imeto

Премиерот Зоран Заев вчера јавно, на прес конференција повика да се одржи лидерска средба во петок за да се разговара и постигне договор за клучните прашања кои стојат пред државата до одлуката за почеток на преговорите со ЕУ. Заев на средба ги покани Мицкоски, Ахмети и Села, а истата ја најави за во петок во 14 часот во Клубот на пратеници.

Засега присуство е најавено од ДУИ и Алијансата за Албанците, додека ВМРО-ДПМНЕ остана на ставот дека доколку се одржува лидерска средба прва тема треба да бидат предвремени парламентарни избори, а потоа може да се зборува и за други теми, како пописот, изборен законик или закон за СЈО. Конечната одлука дали ќе одат на лидерската ќе ја донесе партиското раководство.

— реклама —

— реклама —

— реклама —

Од Кабинетот на Села наведуваат дека ќе учествуваат на средбата и оти ќе презентираат свои предлози и идеи за прашањата за кои ќе се дискутира.

-Добро е што премиерот почнал да ја чувствува вистинската сила на Алијансата за Албанците. Отсекогаш сме мислеле дека вакви лидерски средби треба почесто да се свикуваат кога станува збор за чувствителни државни прашања. Ќе ја прифатиме поканата и сигурно ќе учествуваме во неа со наши предлози и идеи за прашањата за кои ќе се дискутира, стои во информацијата испратена од Кабинетот на Села.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања