Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Села не сака Русковска да ја замени Јанева, зошто?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
sela

Алијансата за Албанците се уште нема став дали ќе го поддржи предлог Законот за јавно обвинителство, кој денеска ќе влезе во собраниска процедура, каде е потребно двотретинско мнозинство за да биде изгласан.

— реклама —

— реклама —

Претседателот на Алијансата, Зијадин Села, најавува дека пратениците од оваа партија ќе се вклучат во собраниската дебата со неколку амандмани. Како што велат од таму, Села има забелешки за владиниот предлог, освен Русковска, Села вели дека ќе се обидат да интервенираат амандмански во неколку главни области.

— реклама —

Села бара прислушуваните материјали да се користат како докази и во новото обвинителство што го наследува СЈО. Освен тоа пратениците на Алијансата ќе побараат и во Советот на јавни обвинители да не смее да има партиски членови и поранешни државни функционери кои биле членови на партија. Освен тоа ќе предложат јавниот обвинител да биде експерт од странство.

„Законот кој се предлага има за цел да се амнестираат и да не се користат како материјални докази сите прислушувани разговори кои беа предмет на политичката криза. Ние како партија заинтересирана за вистински реформи сме во многу тешка ситуација. Не поддржувајќи го законот, амнестирани ќе останат корумпираните и оние што ја злоупотребиле службената положба, а гласајќи за ваков предлог закон ние пак ќе ги амнестираме сите, бидејќи законот важи отсега па натаму”, вели Села

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања