Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Села: Предвремените парламентарни избори ќе го забрзаат процесот на зачленување на Македонија во ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
sela

Претседателот на Алијансата за Албанците во неделното интервју на Радио Слободна Европа, Зијадин Села  вели дека би поддржал закон кој нема за цел да амнестира некого, туку има за цел постепено да ги гради правото и правната држава. Тој е категоричен:

-Нема да поддржам закон кој се крои за да се заштитат големи политички мечки во државава.

— реклама —

Според Села, на Македонија и се потребни предвремени парламентарни избори.

— реклама —

- Ако имаме предвид дека едно од најважните прашања за Европската унија се реформите во правниот систем, СЈО итн., тогаш веќе да заклучиме дека причината зошто можеби нема да добиеме датум е фактот што ДУИ е внатре во коалиција со СДСМ и тоа е факторот кој оневозможува да се случуваат вистински реформи од правниот аспект тука во Република Северна Македонија. И имајќи предвид дека изборите конечно ќе ја вратат демократијата во албанското општество и ДУИ ќе си замине во опозиција, мислам дека предвремените парламентарни избори ќе го забрзаат процесот на зачленување на Македонија во ЕУ, вели Села.

— реклама —

 

 

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања