Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Села реагира: Зошто владата побрза со новите банкноти без албанскиот јазик

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
sela

Алијансата на Албанците преку соопштението реагираат на одлуката на владата да се издадат нови банкноти со новото државно име. Во реакцијата од Алијансата се вели:

Владата на СДСМ-ДУИ, заедно со Народна банка на Северна Македонија, вчера не известија дека на новите банкноти не ќе фигурира албанскиот јазик. Оценуваме дека оваа одлука е неправедна и е во спротивност со Законот за употреба на јазиците, односно албанскиот јазик, со кој се предвидува банкнотите и полициските униформи да бидат и на албански јазик, или како што е предвидено со Законот за јазиците кој го зборуваат најмалку 20 % од населението на целата територија на Северна Македонија, се вели во реакцијата од Алијанса на Албанците!

— реклама —

Овој нов моментум покажува дека владата на СДСМ-ДУИ, која постојано се повикува на двојазичност и се обидува да претставува еднакви вредности на јазична еднаквост, не е доволно подготвена целосно да го имплементира Законот за јазиците.

Најавата на гувернерката на Народна банка на Северна Македонија, дека новите банкноти со новото име на државата ќе бидат без албански јазик и само на македонски јазик, ја ваѓа во виделина демагогијата и чаламењето на ДУИ, која постојана на предизборни кампањи и во телевизиски дебати дека новите банкноти и полициски униформи ќе бидат и на албански јазик.

— реклама —

Ја прашуваме ДУИ зошто му дозволи на Народна банка на Република Северна Македонија да донесе одлука за нови банкноти без албански јазик, додека се уште немаме оценка од страна на Венецијанската комисија за двете оспорени одредби за употребата на албанскиот јазик во банкноти и во полициски униформи?

Зошто ДУИ дозволува да го нема албанскиот јазик на банкнотите, додека немаме ниту одлука на Уставниот суд, кој е најповикан и најкомпетентен орган за оспорување или не, на двата члена од Законот за употреба на јазиците. Овој моментум, всушност, ни кажува дека ДУИ нема ниту капацитет ниту знаење даги штити барањата на албанските гласачи и албанскиот јазик, како што предвидува законот.

И на крајот, му се обраќаме на СДСМ и премиерот Зоран Заев, дека избори ќе има пак во РСМ и тие не ќе можат да манипулираат со Албанците со "јазична еднаквост", се додека делумно го применува Законот за јазиците, со што им дава до знаење на Албанците дека албанскиот јазик во РСМ воопшто не е официјален и еднаков на македонскиот, велат преку соопштение од Алијанса за Албанците.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања