Села се израдува што Пендаровски му го помилува спасителот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
275924173_509022943915273_3269601710319938435_n

Претседателот Стево Пендаровски донесе Одлука за помилување на осудени лица.

— реклама —

-Со Одлуката целосно се ослободува од понатамошно извршување на казната затвор Александар Трајан Петровски од Скопје. Делумно се ослободуваат од понатамошно извршување на неиздржаниот дел од казната затвор осудените лица: Неџмедин Расим Матоши од Скопје во траење од четири месеци, Димитар Милија Мишков од Скопје во траење од три месеци, Абдуљфета Амид Алими од с. Оризаре Општина Липково во траење од осум месеци и Џафер Џемаиљ Небија од с. Арачиново во траење од пет месеци, стои во одлуката број 08-271/1 што е објавена во Службен весник на Република Северна Македонија.

— реклама —

По одлуката на претседателот на социјалните мрежи се огласи Зијадин Села, кој објави фотографија со Абдуљфета Амид Алими.

— реклама —

„Многу сум среќен, осум месеци помилување не се ништо во споредба со седум години неправедно осуден. Треба да бидеш слободен и да не помилуван пријателе“, напиша Села под објавената фотографија.

Според Кабинетот на претседателот, помилувањата се спроведени согласно со законска процедура, а сите лица кои се помилувани ги исполнуваат условите за такво нешто.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања