Промени тема
Контакт

Селекторот на Шпанија откри: Јамал може да игра, но не 90 минути

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Спорт
media-librarydmbmu48inl3pchnC8zs

Селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, потврди дека Ламин Јамал е подготвен да настапи на премиерниот натпревар на „Фуријата“ на Светското првенство 2026, но нема да биде дел од почетниот состав против Зеленортските Острови.

На прес-конференцијата во пресрет на првиот меч на актуелниот европски шампион, Де ла Фуенте изјави дека младиот фудбалер на Барселона успешно ги надминал проблемите кои претходно го доведоа во прашање неговиот настап.

„Јамал? Тој е во добра форма и пристигна токму кога посакувавме. Се чувствува многу добро, како и останатите кои имаа одредени проблеми. Сите се на располагање, но тројца нема да бидат стартери. Ќе видиме како ќе се развива натпреварот“, изјави шпанскиот селектор.

— реклама —

Тој додаде дека лекарските тимови на Барселона и шпанската репрезентација се согласиле дека Јамал е подготвен за настап.

„Не е подготвен за 90 минути, но е подготвен за едно полувреме. Не знам колку точно ќе игра, но е во одлична состојба да добие одредена минутажа и лекарите се согласуваат со тоа“, рече Де ла Фуенте.

На прес-конференцијата тој се осврна и на можниот трансфер на Марк Кукуреља во Реал Мадрид, нагласувајќи дека таквите случувања нема да влијаат врз атмосферата во националниот тим.

— реклама —

„Тоа воопшто нема да влијае на него. Се радуваме на ситуациите што ги прават играчите среќни. Никој нема да направи нешто што би ѝ наштетило на групата. Среќен сум колку и тие“, истакна шпанскиот стратег.

Шпанија денеска од 18 часот ќе го започне походот кон светската титула со дуелот против дебитантот на мундијалите, селекцијата на Зеленортските Острови, а останува да се види колкава улога ќе има Ламин Јамал на стартот од турнирот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library2217ddbj3gsgdFWRX8S

Претседателот на ФИФА испрати честитка до Аргентина по финалето

Трендови | пред 1 месец

media-librarypimm8j45199j27PEgOd

(Видео) Голманот на Шпанија го игнорираше Доналд Трамп на церемонијата на доделувањето на трофејот

Спорт | пред 1 месец

media-library01g984pmv6797oWzhqC

(Видео) Меси во солзи по поразот на Аргентина во финалето

Вирално | пред 1 месец

media-library04u2e57clr5gcryQDZv

(Видео) Го изгуби финалето, па ја изгуби и контролата: Аргентински фудбалер нападна шпански репрезентативец

Вирално | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања