Велешанец со тврд предмет го нападнал татка си во дворот од семејната куќа на улицата „Благоја Страчковски“, соопшти МВР. Соред информациите од полицијата, синот бил на возраст од 31-година, а на нападот претходела расправија.
„Вчера во 10:30 часот во СВР Велес било пријавено дека во двор од семејна куќа на ул. „Благоја Страчковски“, по претходна расправија 64-годишниот С.Р. бил физички нападнат со тврд предмет од неговиот син, 31-годишниот Д.Р. и двајцата од Велес. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот“, соопштува полицијата.