Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Семејна драма во Чучер Сандево: маж со автомат се заканувал дека ќе ја убие сопругата и ќерките

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryg2hfnt9p5bu5bEiRA0G

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради сомнение за сторено кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи, казниво според член 396 став 5 во врска со ставовите 3 и 1 од Кривичниот законик.

Според наводите на обвинителството, осомничениот на 13 јануари во својот дом во Чучер Сандево неовластено држел автоматско оружје STEN MKII, кое е целосно забрането за поседување од страна на граѓани, како и 71 куршум муниција со калибар 9 милиметри „Пара“, наменета за испалување од таков вид автоматско оружје.

— реклама —

Оружјето и муницијата биле пронајдени откако сопругата на осомничениот ги известила полициските службеници кои пристигнале во домот по пријава дека тој ѝ се заканувал нејзе и на нивните две ќерки, родени во 2006 и 2010 година, дека ќе ги убие. Според пријавеното, најпрво упатувал закани кон сопругата дека ќе ја запали, по што искршил дел од покуќнината и со нож им се заканувал и на ќерките.

Поради ваквите дејствија, со кои кај оштетените предизвикал чувство на сериозна загрозеност и страв, осомничениот се гони и за кривично дело загрозување на сигурноста, согласно член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

Имајќи ја предвид тежината на делата, опасноста од бегство и можноста осомничениот да го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr42uqsjq5u3c99DNars

Родител влегол во училишен двор и нападнал дете по расправија меѓу ученици: го удирал со шлаканици и тупаници

Скопје | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryde5fptrt9iv26UVJsHt

Ја киднапирал и ја претепал девојката по матурска прослава: се бара притвор за 40-годишен битолчанец

Македонија | пред 2 седмици

media-librarync6uhlmt48k6b0ulE5B

Зголемен број случаи на семејно и родово базирано насилство во Скопје и Тетово

Македонија | пред 1 месец

media-libraryvb7a5c39bbcmcEQpsEb

Обвинителката Тополова предупредува: 798 постапки за семејно насилство запрени поради повлекување на жртвите

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања