Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Семејна драма во Велес: Ечеле закани за убиство на цело семејство, татко заврши во притвор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
272260158_472495384274313_4685744105093917179_n

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против едно лице за кривично дело – Загрозување на сигурноста според член 144 став 3 во врска со ставовите 1 и 2 од Кривичниот законик.

„Осомничениот ја загрозил сигурноста на сопствениот син, заканувајќи му се дека ќе го убие и него и целото негово семејство. Синот, кој инаку живеел во Швајцарија, се вратил во велешко село заедно со семејството. Меѓутоа, таткото му забележал затоа што тој и неговиот брат ја примиле да живее во странство мајката, која се пожалила дека трпи насилство во домот. Жената во моментов била кај другиот син во Данска, а осомничениот со закани по живот инсистирал да ја вратат дома“, велат од Обвинителството.

— реклама —

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во  Велес достави предлог за определување мерка притвор. Судот го прифати предлогот и определи притвор во траење од 8 дена.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања