Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Семејна веселба заврши со пукање – ги викнале на гости, дошле со пушка и боксирач

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
lovecka-puska

На 19.04.2020 година околу 01,00 часот во с.Долно Соње, скопско, во куќа на ул.12. сопственост на П.К. (56) од Скопје, каде што претходно имало семејна веселба, дошле лицата М.М. (27) и С. Т (24), кои од страна на сопственикот биле поканети и по кусо време заминале. Но набргу пак се вратиле при што С.Т. со себе носел ловечка пушка, а пак М.М. носел боксирач. Влегле во дворот на куќата при што М.М. го нападнал Б.К. (27) инаку син на сопственикот на куќата, а пак С.Т. испукал еден проектил во правец на неколку лица.

Во тој момент лицето Н.К. ја фатил пушката што била во рацете на С.Т. по што вториот проектил бил испукан во воздух. По ова М.М. и С.Т. го напуштиле местото на настанот. Веднаш по известувањето на полицијата на местото на настанот се упатиле припадници на ЕБР и полициски службеници од полициската станица Кисела Вода, а лицата М.М. и С.Т. се пронајдени и приведени во станица за понатамошна постапка .Се работи на целосно расчистување на случајот.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања