Тања и Нено Здравковски од скопско Драчево, се родители на седум деца, богатсто кое е непроценливо, но животот кон ова деветчлено семејстов е многу суров. Тие немаат основни услови за живот – живеат во 30 квадратен социјален стан, немаат никакви приходи, и се во тешка финансиска ситуација. Тие својата сторија ја споделија во емисијата ,,Срце на Дланка”.
-Во брак сме скоро 21 година, имаме седум деца, најголемиот 20-годишен син живеее кај баба му, 10- годишната Теодора е кај сестрите од здружението ,,Мајка Тереза”, овде се преостанатите деца од кој најмалата двомесечна Каја, вели Тања.
– Живееме во многу лоши услови, децата спијат на импровизирани кревети, од прозорците дува , не зимаме социјална помош, немаме никакви примања, нема со што да ја прехранам фамилијата, овие станови каде живееме порано биле полициски станици, фабрика за оксиген и простории за уште неколку дејности, надополни Нено.
– За да извадиме документи за помош потребно е пари за тие документи ние ги немаме, најтешко ми е кога децата видат некое другарче да има нешто и ми бараат да си купат и тие, но јас немам да им дадам, вели низ солзи Тања
– Бев принудена и млекото што е тетрапак да го разредувам и да му го дадам на бебето, иако тоа е многу важно за него, но немам…
Во моментот најнеопходни како што велат им се подмирување на долговите за струја и обезбедување пристојни легла, за да можат како луѓе да спијат. Бараат и стабилна работа со која ќе се прехрануваат.
Најголема желба пак на младиот Благојче е да игра видео игри и голема желба би му била да добие видео конзола за играње. Секоја помош за ова семејство е добредојдено, или може да ги контактирате на бројот 070 369 863.