Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Семејството на Горан Стефановски: На 27 април во Дебар Маало да го прославиме неговиот живот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
goran-stefanovski-sekoja-generacija-se-srekjava-so-nekoi-novi-opasnosti-218212

На 27 април, на 67 роденден на драматургот Горан Стефановски, ќе се слави животот на великанот на македонското драмско творештво.

— реклама —

„Само да ви кажам дека се планира една мала прослава на животот на Горан Стефановски на 27ми април (неговиот 67ми роденден), сабота, во Дебармаало (кај кругчето карши Наџак). Прво ќе се сади дрво во малото паркче (ќе има и клупа на која ќе седи негова скулптура, ама тоа подоцна), а потоа ќе има некои кратки читања, проекции на слики и видеа, музика итн. Идејата е да го прославиме неговиот живот и работите што тој ги сакаше, а се разбира и да се видиме и да пијнеме по нешто..

— реклама —

Ќе дадам повеќе информации кога ќе ги имам, на пример околу времето на настанот, ама за сега само сакав да ве замолам да го резервирате денот. Знам дека е Велигден и дека можеби веќе имате планови, така што без притисок, нема љутиш. Настанот ќе биде јавен, но сепак интимен (бар така го замислуваме за сега:))

— реклама —

Исто така, ве молам препратете ја оваа порака на луѓе кои мислите дека би биле заинтересирани да дојдат.

— реклама —

Фала, и се надевам ќе се видиме наскоро!“, објави на Фејсбук неговиот син Игор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања