Семејството на починатите родилка и бебе: Ни кажаа дека се е во ред !

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
rodilka

Семејството на 40 годишната Кадрие Јашар од Скопје, која почина од искрварување тврди дека родилката немала никакви проблеми во бременоста, ниту пак крварење до моментот кога дошла на Клиниката за гинекологија заради породилни болки, објави  новатв.мк.

— реклама —

Тие бараат објаснување зошто,како што велат, гинекологот кој ја примил и и направил Це-Те –Ге и рекол да си оди дома и да се врати за два часа бидејќи за породување било се уште рано.

— реклама —
„Бевме тројца со неа. Си тргнавме откога и рекол гинекологот да си оди и да се врати за два часа бидејќи била отворена само два прста. Таа немаше никакви проблеми, а на Гинекологија отидовме затоа што почнаа породилните болки. Кога стигнавме пред влезот во Шуто Оризари, таа почна обилно да крвари и ние веднаш се вративме назад.

Ја хоспитализираа, тоа беше попладнето, околу 16 и 30 часот најдоцна. Во 20 и 30 вечерта ни се јавија да дојдеме бидејќи, како што ни рекоа е, е во критична состојба“, изјави за НОВА, нејзиниот внук од брат Фејзула Јашаров.

На ГАК потврдија дека на родилката и бил направен царски рез, а после тоа поради обилно крварење уште една интервенција кога била извадена матката. Бебето било живо при првиот преглед и направеното Це-Те-Ге, а кога се вратила било мртво. Но, спротивно на тврдењето на семејството, на ГАК велат дека гинкологот и рекол да поседи надвор и да се врати за час и половина.

Семејството е во шок. Заминала на породување, а ја вратиле почината.

Текстот во целост на  новатв.мк

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања