Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Семејството на загинатиот Македонец во Кран-Монтана апелира да не ги осудуваат: Потребен ни е мир

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-librarysv4okvf4aiho6HXNNmC

Мајката и сестрата на починатиот Стивен, Александра и Саманта Ивановски, упатија јавен апел да престане ширењето на објави и коментари поврзани со неговата смрт, особено такви кои содржат осуди, навреди и неточни информации.

— реклама —

Во нивното обраќање тие наведуваат дека во најтешките моменти од загубата, покрај болката, биле соочени и со погрешни толкувања и болни зборови во јавноста. Појаснуваат дека претходната објава во која се собираа донации, а која предизвика бројни реакции, била направена со искрена и добра намера од блиски членови на семејството кои живеат во Македонија, во период кога ништо не било јасно – ниту трошоците за погребот, ниту дополнителните непредвидени обврски поврзани со правни постапки и документација.

— реклама —

Како што истакнуваат, намерата била исклучиво да се помогне, без нивно барање, по иницијатива на блиски луѓе, а не да се создаде простор за јавна осуда или шпекулации.

— реклама —

„Без разлика каде живееме, болката за загубата на дете не познава граници, држави ниту финансиски претпоставки. Таа е иста, длабока и неиздржлива“, наведуваат тие во пораката.

Александра и Саманта изразуваат благодарност до сите кои покажале сочувство, човечност и поддршка, нагласувајќи дека во овој момент на семејството не му е потребно ништо повеќе од мир, тишина и достоинство, за нивниот Стивен да биде испратен спокојно.

Тие апелираат да не се шират лаги, претпоставки и дезинформации во негово име и повикуваат јавноста да покаже почит кон болката на семејството.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library872p0nnkae8656kuja5

Швајцарија ќе исплати отштета на семејствата на жртвите од трагичниот пожар во Кран-Монтана

Свет | пред 2 седмици

media-libraryn0qojsto6r1e79CSBgB

Како се справи Македонија со трагедијата во Кочани, а како Швајцарија со Кран Монтана – Здружението „16 март 2025“ со споредба: човечност што лечи vs. молк што боли

Македонија | пред 3 седмици

media-librarya1uacrht0aqp4WALTxY

Преживеана во трагедијата во Кран-Монтана: „Инстинктот за преживување ме изнесе надвор“

Свет | пред 1 месец

media-librarysdcs49uqho91fXOoqEd

Дипломатска тензја меѓу Италија и Швајцарија поради ослободувањето на сопственикот на барот со кауција

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања