СЕММ отстапува од грантот во рамки на владината поддршка за здруженија и фондации

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
SEMM-22

— реклама —

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) информира дека отстапува од грантот во рамки на владината поддршка за здруженија и фондации за мерки за справување со COVID-19 кризата.

— реклама —

СЕММ испрати официјален допис до Генералниот секретаријат на Владата на 14 јуни 2020, пред официјалното објавување на информацијата за доделените средства на здруженијата на граѓани.

Поради закажаните парламентарни избори во државата, непосредно по завршувањето на конкурсот за доделување финансиска помош, СЕММ одлучи сиот свој потенцијал да го насочи кон активно следење на состојбите во медиумската сфера и набљудување на степенот на почитување на слободата на изразување, што е приоритетна сфера на делување на нашата организација.  Од тие причини, сметаме дека во овој момент СЕММ треба да остане настрана од оваа акција за финансиска поддршка на дел од невладиниот сектор во рамките на настојувањата за борба против коронавирусот.

СЕММ потенцира дека, како здружение на граѓани, ја поддржува Стратегијата за соработка на државата со граѓанскиот сектор, сметајќи дека взаемното дејствување е неопходно во промовирањето и градењето демократска култура и социјална кохезија на сите општествени нивоа, а особено во справувањето со тековните предизвици и проблеми, како што во случајов е пандемијата со коронавирусот. Во ова чувствително предизборно време СЕММ останува доследен на својата примарна функција – грижата за негување на професионалните и на етичките новинарски и медиумски стандарди.

фото: Архива

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања