Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Шенки Версаче излегува од притвор по година и пол: обвинетиот во случајот „Беланоца-Барон“ останува само без пасош

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
media-librarydno3fr89jl936fChnrL

Шенаси Мислани, во јавноста познат како Шенки Версаче, излегува од притвор, дознава „Скопје1“ од извори во Кривичниот суд.

Според нашите информации, судот донел одлука притворот да му биде заменет со мерки на претпазливост. На Мислани му е определена обврска редовно да се јавува во судот, а истовремено му е одземена патната исправа за да се спречи евентуално бегство.

Тој се наоѓаше во притвор од декември 2024 година.

— реклама —

За разлика од него, неговиот брат Мирвет Мислани и натаму останува во притвор.

Шенаси Мислани е еден од обвинетите во предметот против криминалната група „Беланоца-Барон“, во кој обвинителството ги товари обвинетите за повеќе тешки кривични дела, меѓу кои: злосторничко здружување, убиства, изнуди, закани и палење објекти и автомобили.

Во септември минатата година, на рочиште одржано во судницата во КПУ Идризово, обвинетите се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за делата што им се ставаат на товар.

— реклама —

На обвинителната клупа, покрај браќата Мислани, се и Решат Исмани, Абдула Садики и Акиф Мемши.

Шенаси Мислани е пошироко познат во јавноста под прекарот Шенки Версаче, поради неговото долгогодишно поврзување со познатиот моден бренд.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања