Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Септември посветен на кревање на свесноста за синдромот на полицистични јајници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Слајдер
sindrom-na-policistichni-jajnici

Полицистичниот оваријален синдром (ПЦОС) е комплексно сериозно репродуктивно, генетско, хормонално и метаболно заболување кое се јавува кај девојчиња и жени. Воедно и водечка причина за женска неплодност и причинител за други заболувања, како што се дијабетес тип 2, обезитет, кардиоваскуларни заболувања, анксиозност, депресија и ендометријален карцином, посочуваат од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство по повод одбележувањето на месец септември како меѓународен месец за кревање на свесноста за синдромот на полицистични јајници.

-Потребна е добра информираност до целата женска популација во однос на ПЦОС, да бидат едуцирани за овој проблем, да знаат дека постојат специјалисти кои работат со оваа проблематика, заради навремено откривање и можност за лекување и избегнување други придружни заболувања, со максимална поддршка за подобрување на квалитетот на репродуктивниот и севкупно, животот на секоја жена, посочуваат од ГАК.

— реклама —

Овој синдром се јавува кај 10-15 проценти

— реклама —

од општата женска популација, а во 50 проценти од тие случаи останува неоткриен и недијагностициран. Половина од жените со ПЦОС пред 40-годишна возраст развиваат шеќерна болест (дијабетес тип 2 или предијабетес), а кај сите жени со ПЦОС, ризикот за добивање ендометријален карцином се зголемува за трипати, во однос на здравата женска популација. Основите на ова заболување се јавуваат уште во детската возраст преку зголемната телесна тежина и лошите хигиено-диететски навики.

— реклама —

Симптомите на ПЦОС се: нередовни, ретки или отсутни менструации, овулаторна дисфункција-ановулација, инфертилитет (неполодност), ултразвучно детектирани полицистични јајници, пелвична болка, хирзутизам, губење коса, инсулинска резистенција, зголемена телесна тежина, главоболка, анксиозност, депресија и проблеми со спиењето.

Дијагностицирањето и третманот на ПЦОС е полно со предизвици кои се дефинираат според специфични критериуми и мултидисцилинарен пристап (гинеколог, ендокринолог, педијатар, дерматолог, психолог/психијатар и други специјалности).

На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство работи тим од гинеколози, кои на одделот за инфертилитет и асистирана репродукција и на одделот за репродуктивна ендокринологија со детска и адолесцентна ендокринологија, дијагностицираат и третираат пациентки со ПЦОС од најмлада возраст. Искуството на тимот во специјалноста на инфертилитетот и репродуктивната ендокринологија е со најсовремени сознанија во однос на откривањето и лекувањето, како на примарните, така и на секундарните заболувања.

Жените со овој вид на проблеми потребно е да се јават кај своите матични гинеколози, кои понатаму ги упатуваат до тимот специјалисти гинеколози-акушери на ГАК: проф. д-р Глигор Тофоски, асс. д-р Даниела Иванова-Панова, доц. д-р Анета Сима, асс. д-р Искра Крстевска-Дукова, асс. д-р Роса Спасова, асс. д-р Димитар Калчовски, преку националниот електронски систем МојТермин за натамошни иследувања и анализи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања