Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Сергеј Попов до Богоевски: Ти оставивме бело брашно, нема благодарност - извини ако сме ти го згрешиле “белото“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
popov

Павле Богоевски се уште е пратеник. Не сака да се повлече ниту од морални, ниту од здравствени причини. Ние пак не сакаме избраник на граѓаните да носи одлуки со поматена свест. Не сакаме да се вознемирува кога нема да му биде средено убаво она пола кое што го нарачува, истакна Сергеј Попов, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Вчера ти оставивме бело брашно ама нема благодарност од твоја страна. Извини ако сме ти го згрешиле “белото”. Еве денес пак бел прашак. Пак имаш цело кило. Можеш да переш алишта ама нема гаранција дека и совеста ќе си ја испереш. Само сакаме да ти напоменеме, во упатството за употреба јасно стои дека не е за преку нос.

Павле, нека не те местат таксистите дека наводно си нарачувал пола грам кокаин кога може си мислел и на прашак за перење. Не нарачувај пред непознати луѓе, некои дилери убаво да ти спакуваат “пола” во наредниве месец дена. Ние ќе ти дадеме прашак за перење. Се купува во маркет. Исто како што се купува во аптека и масло од канабис кое се произведува од нивите на Заеви.

— реклама —

Ќе ти објаснат Вице и Зоран. Нема потреба по телефон, нелегално да нарачуваш. И немој Павле да се тестираш за наркотици. Нека збори народот што сака. Не си ти по кокаинот. Ти си по белиот прашак. Затоа твоите алишта ќе имаат планинска свежина, истакна Сергеј Попов, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања