Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Серија физички напади во Тетовски, тројца приведени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library1t41dhskauv96tipxic

Тетовската полиција во текот на 23 септември постапувала по три одделни пријави за физички напади во Тетовско, при што во два случаи биле приведени лица.

— реклама —

Во 15:25 часот во селото Радиовце, Општина Брвеница, полициски службеници од Полициското одделение Жеровјане ги лишиле од слобода Е.Н. (25) и Н.Н. (28), двајцата од Теново. Приведувањето уследило по пријава од Б.Ш. од истото село, кој пријавил дека бил физички нападнат од нив, при што биле употребени и метални предмети. Двајцата се задржани во полициска станица, а по целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

— реклама —

Истиот ден во 17:05 часот, полициски службеници од СВР Тетово го привеле Ф.С. (37) од Џепчиште. Претходно било пријавено дека на 22 септември околу 22 часот во селото, тој физички го нападнал А.А. (44), исто така од Џепчиште. По расчистувањето и документирањето на случајот, против Ф.С. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

— реклама —

Во Клиничката болница Тетово, пак, 28-годишниот И.Ш. од Голема Речица пријавил дека на 23 септември околу 11 часот бил физички нападнат во перална во селото, по кратка расправија со Н.С. од истото место.

Од полицијата информираат дека во овој случај се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryk5himr30995mdGsvcm8

13 лица приведени во пет градови, полицијата заплени марихуана, прашкасти материи и таблети

Македонија | пред 12 часа

— реклама —
izletal-od-pat

„Мерцедес“ излетал од автопатот кај Трубарево и завршил во двор на куќа, двајца тешко повредени

Скопје | пред 12 часа

pistol

Го оставил незаклучено товарното возило во Чаир, па му го украле пиштолот

Скопје | пред 12 часа

media-libraryidp924v7036ad0oOuSa

Го оставила кучето без надзор на улица, тоа каснало жена – кривична за 35-годишна кратовчанка

Македонија | пред 12 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања