Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Серија насилни инциденти во Македонија: Татко го натепал синот, еден маж ги нападнал таткото и сопругата, друг — мајка му

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 56 минути -

Македонија
media-librarycsh1i936ka910S4pYET
Скопје1.мк

Пет случаи на физички напади и закани биле пријавени во полицијата во текот на 8 ноември, при што во три од нив осомничените биле лишени од слобода, информира Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Во делчевско село, полицијата го привела 45-годишниот А. Л., по пријава дека физички го нападнал својот 13-годишен син. За случајот бил известен јавен обвинител.

— реклама —

Во Гостивар, 35-годишниот Х. Д. бил лишен од слобода по пријава од неговиот 70-годишен татко. Според пријавеното, по претходна расправија во семејниот дом, тој физички ги нападнал татко му и неговата сопруга.

Полицијата во Тетово го привела и 24-годишниот П. А. од тетовско село, откако неговата 49-годишна мајка пријавила дека ја нападнал во семејниот дом по претходна расправија. Тој бил задржан во полициска станица.

— реклама —

Во Скопје биле пријавени уште два случаи. Триесетгодишен скопјанец пријавил дека бил физички нападнат на подрачјето на Шуто Оризари, а друго лице му упатувало закани. Во одделен случај, 22-годишен скопјанец пријавил дека бил физички нападнат од 20-годишен сограѓанин на подрачјето на Драчево.

— реклама —

Од МВР информираат дека по целосното документирање на сите случаи ќе следуваат соодветни пријави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1t41dhskauv96tipxic

Осум возачи уапсени: возеле без дозвола, пијани или со забрана

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-libraryi84rjk4mbmi0ble3chx

37-годишен маж од Тетово починал во својот дом, наредена обдукција

Македонија | пред 2 часа

media-libraryt0vb9c1h1fssecfheQB

Со 3,50 промили алкохол управувал автомобил низ Битола, приведен 30-годишник

Македонија | пред 3 часа

media-libraryq5u4hu2k7ibf5WxP36M

Приведен 24-годишник во Ресен, ја нападнал невенчаната сопруга

Македонија | пред 3 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања