Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Серија пријави за физички напади и тепачки во неколку скопски општини

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Скопје
media-libraryoj0e0n8hasp6dG6Kzlq

Во текот на 25 и 26 април 2026 година, во Скопје се регистрирани повеќе случаи на нарушување на јавниот ред и мир и физички напади, соопшти полицијата.

На 25 април 2026 година во 10:15 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје е пријавено дека пред хотел на подрачјето на општина Карпош бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу И.М. (31) од една страна и В.Н. (34) и К.Н. (32), сите од Скопје, од друга страна. По целосно документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

— реклама —

Истиот ден во 22:00 часот, Т.М. (70) од Скопје пријавил дека околу 21:00 часот на подрачјето на Чаир бил физички нападнат од едно лице. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Во исто време, Б.И. (26) од село Буковиќ, скопско, пријавил дека на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од лице со иницијали О.Н. Надлежните органи работат на целосно расчистување на случајот.

— реклама —

На 26 април 2026 година во 00:15 часот, Н.П. (36) од Скопје пријавила дека во казино на подрачјето на општина Аеродром, по претходна расправија, била физички нападната од Љ.Д. (29) од Скопје. По документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања