Серхио Рамос ja купува Севилја, клубот во кој играше двапати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Спорт
media-library11g94tc5gute39xNB5R

Серхио Рамос и неговиот партнер Мартин Инк од групацијата „Фајв Илевен Капитал“ постигнаа принципиелен договор со група клучни акционери за преземање на фудбалскиот клуб Севилја, објави Маноло Агилар. Договорот отвора период на ексклузивна анализа на финансиската состојба на клубот пред да се пристапи кон склучување на конечен договор, пренесува „Кадена СЕР“.

— реклама —

Процесот на длабинска анализа се очекува да трае неколку месеци, по што ќе се донесе конечна одлука. Првичната понуда за преземање на клубот изнесува 450 милиони евра, според информациите на Мигел Анхел Чазари.

— реклама —

Рамос играше за Севилја двапати во кариерата – од 2003 до 2005 година и повторно во сезоната 2023/24, по престојот во Реал Мадрид и Пари Сен Жермен.

— реклама —

На 15 јануари се одржа и состанок со акционерите, каде Рамос и Перез Солано ја презентираа својата понуда и проект. Состанокот, кој траеше повеќе од два часа, беше оценет многу позитивно, што доведе до постигнување на принципиелниот договор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања