Шешељ: Нашиот брат Никола Груевски го спасија српски четници – тие го обезбедуваа се до 5 часот наутро

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
sesh

Никола Груевски преку Србија стигнал во Унгарија, а четници од Србија го обезбедувале до Хоргош, откри во емисијата „После ручек“ на Happy ТВ претседателот на СРС Војислав Шешељ.

— реклама —

Најновата вест е дека нашиот брат Никола Груевски заминал од Македонија преку Србија во братска Унгарија, вели лидерот на радикалите.

— реклама —

Претседателот на СРС додадек дека Груевски безбедно избегал од апсење на предавничката власт предводена од Зоран Заев.

— реклама —

Кога се појавил на српската граница, го прифатиле српските четници и тие го обезбедувале се до Хоргош, а таму во 5 часот наутро 12. ноември преминал во Унгарија, открива Шешељ.

Првиот човек на радикалите Војислав Шешељ е познат по своите контроверзни ставови за македонско-српските односи, но и промотор на идејата за Голема Србија.

Горд сум на тоа и уверен сум дека еден ден таа идеја ќе се реализира. САД се главни виновници за крвавиот распад на бивша Југославија и за тоа јавно зборував во текот на хашкиот процес. Доколку тие не се вмешаа се ќе беше различно и Македонија сигурно ќе останеше со Србија и денес вие не би ги имале проблемите со кои се соочувате, рече Шешељ во интервјуто за Поглед.мк.

Тој во интервјуто за „Поглед“ рече дека Груевски трпи последици поради тоа што остварувал соработка со Руската Федерација. Целото интервју со Шешељ прочитајте го ОВДЕ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања