Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Шест активни пожари, викендов вкупно 116 на отворен простор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија


Состојбата со пожарите на отворен простор е исклучително алармантна. Само во текот на вчерашниот ден имаше 60 пожари, извести директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

— реклама —


„И покрај вчерашното интезивно гаснење, 6 пожари на отворено гореа во текот на целата ноќ и сѐ уште се активни. Во текот на викендот, почнувајќи од петокот, заедно со сабота и недела, имаше вкупно 116 пожари на отворен простор. Во текот на септември се регистрирани вкупно 778 пожари на отворен простор, од кои 43 се гаснети со летала“, вели Ангелов.

— реклама —


Тој апелира до сите земјоделци да не ги палат стрништата, а сточарите пасиштата.

— реклама —

„Сериозни врнежи нема подолго време и воедно не се очекуваат во следните десетина дена, вегетацијата е исклучително сува, дневните температури сѐ уште се високи, пожарникарите и пилотите се исцрпени и на крајот на силите“, рече0 директорот на ЦУК.


Ангелов апелира и сите градоначалници да ги следат законски пропишаните процедури и да бараат воздушна поддршка тогаш кога се исцрпени сите други множности.

— реклама —

„Пожари не се гаснат од воздух со ‘ер трактори’ и хеликоптери без подршка на пожарникари од земја. Невозможно е да се изгасне пожар додека врз него не згазне пожарникарска чизма. ЦУК ја проценува неопходноста од употреба на авиони, а доколку се употребат, ги координира. Бројот на авиони е ограничен, а бројот на пожари секој ден е огромен“, соопшти Ангелов.


Во моментот има шест активни пожари, од кои четири се поголеми и поопасни. До вечер ќе станат многу повеќе. Напоменувам дека и најмалиот пожар за миг може да прерасне во голем пожар, кој ги загрозува човечките животи, здравјеот и имотот, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања