Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот

Во живо „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Шест физички напади пријавени во Скопје за еден ден

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library3hotuv4ck15d0VuvNGT
Скопје1.мк

Во текот на 1 август во СВР Скопје биле пријавени повеќе одделни случаи на физички напади на различни локации во главниот град и околината, а полицијата презема мерки за нивно расчистување, информира Министерството за внатрешни работи.

Во еден од случаите, 77-годишна скопјанка пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на Кисела Вода таа и нејзината 59-годишна ќерка биле физички нападнати од нејзиниот 15-годишен внук, кој, според пријавата, имал здравствени проблеми. Малолетникот бил пренесен во здравствена установа.

— реклама —

Во друг случај, 47-годишна жена од скопско пријавила дека на 30 јули на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер.

— реклама —

Физички напад пријавила и 72-годишна жена од Скопје, која навела дека во нејзиниот дом во Карпош била нападната од 63-годишниот син на нејзиниот поранешен сопруг, кој, според пријавата, оштетил дел од покуќнината и одзел два мобилни телефона.

Во селото Марино, 36-годишен жител пријавил дека неговиот малолетен син бил физички нападнат од 39-годишен сосед.

— реклама —

Во СВР Скопје бил пријавен и случај на подрачјето на Ѓорче Петров, каде 32-годишен скопјанец бил нападнат со тврд предмет од друго лице.

— реклама —

Дополнително, 65-годишен жител на селото Мирковци пријавил дека пред продажен објект во селото Побожје бил физички нападнат од жител на селото Кучевиште.

Од МВР соопштија дека за сите пријавени случаи се преземаат мерки за нивно целосно расчистување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb84o1iapvvk51d1I1Yi

Напади врз сопруги, деца и членови на семејството: Десет пријави за семејно насилство

Македонија | пред 8 часа

— реклама —
media-libraryp3s5jsmgm8jg0VTruJD

Лажни пораки во име на „Безбеден град“ за казни, МВР открива како да ги препознаете

Македонија | пред 8 часа

media-librarytgu6ftghk9oa3gosXEJ

Народната банка спровела четири нивоа на проверки пред давањето согласност за преземањето на Стопанска банка АД Битола од страна на Алта банка од Србија, тврди Славески

Македонија | пред 9 часа

media-libraryl83rfetao1pedcgre47

Шест возачи приведени за безобѕирно управување со возило, четворица немале возачка дозвола

Македонија | пред 9 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања