„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Шест лица полесно повредени во сообраќајки во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
soobrakajka

Шест лица се полесно повредени во девет сообраќајни незгоди што изминатото деноноќие се случиле во Скопје. Од нив, во три имало повредени лица, а во три била причинета материјална штета.

— реклама —

Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Четириесет и еден возач се движеле со брзина поголема од дозволената, шест возачи поминале на крстосница на црвено светло, еден возач не дал првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, четворица возачи за неправилно престројување, како и седум возачи на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл за некористење на заштитен шлем.

Санкционирани биле и 11 пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин и осум пешаци кои поминале коловоз на црвено светло.

— реклама —

Од сообраќај, биле исклучени вкупно 22 возачи, од кои четворица кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 15 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и двајца возачи почетници, како и 16 нерегистрирани возила и едно возило за претовар.

Затекнати биле 104 возила непрописно паркирани.

Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 81 возило.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања