Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Шест сообраќајки во Скопје во текот на изминатото деноноќие

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје

Во текот на изминатиот ден (10.12.) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле шест сообраќајни незгоди од кои  една со тешки телесни повреди, една со телесни повреди и четири со материјална штета.

— реклама —

Во сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди и едно со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 19 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени девет возачи од кои: двајца затоа што управувале возило под дејство на алкохол, шест возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден бил возач почетник.

— реклама —

Исто така исклучено е од сообраќај едно возило бидејќи било нерегистрирано. Санкционирани се пет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден поради неправилно престројување, четири возачи поради неправилно престигнување и тројца возачи поради непоседување на зимска опрема. Во текот на изминатиот ден издадени се 55 мандатни платни налози и 66 возила се подигнати со специјално возило "пајак".

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања